Казалет: Македонија и Западен Балкан се соочуваат со проблемот на дезинформации

Заменик на портпаролот на НАТО Пирс Казалет смета дека Западен Балкан се соочува со проблемот на дезинформации и дека тоа може да се види на примерот на Македонија, каде, како што посочува, имаше многу дезинформации во пресрет на референдумот за Договорот со Грција.
Пред тоа, во случајот на Црна Гора и нејзиниот прием во НАТО, ја видовме истата кампања во информативниот простор на таа земја, вели Казалет во интервју за порталот European Western Balkans. Казалет посочува дека НАТО не мисли оти е во своевидна информативна војна со Русија и дека Алијансата спроведува транспарентна политика и е посветена на вистината.
Според Казалет, во случајот со Македонија, сегашниот и поранешниот амбасадор на Русија изнесуваа директни закани со предупредување дека земјата ќе стане мета во случај на пристапување во НАТО.
– Политиката на НАТО е дека секоја земја треба да одлучи за себе за својот безбедносен аранжман и дека тоа не е прашање на други земји, вели Казалет.
Во случајот со Србија, истакнува Казалет, совршено е во ред што земјата нема да влезе во НАТО. Додава дека НАТО и Србија имаат добра соработка која се зголемува. Степенот на соработка е таков што и двете страни имаат корист, заклучи Казалет.
Ново на Сител
-

Лишени од слобода крадци од Гостивар и гостиварско
-

26-годишен гостиварчанец со „јагуар“ удрил пешак и тешко го повредил
-

Мицкоски: Македонија влегува во деценија на зрелост, наша мисија е да покажеме дека државата ќе успее
-

На Ортопедија успешно изведени две трансплантации на коска од починат донор кај педијатриски пациенти
-

Од следната недела стабилно и топло време
-

Избрана Комисијата за гласање на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ
-

Мицкоски: Стратегијата Македонија 2030 е визија за стабилна, продуктивна, правична и европски позиционирана држава
-

Скопјанец возел со 2,55 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка
