-->
-->
Кавани сака во Барселона
-->

Единсон Кавани ќе го напушти Манчестер јунајтед. Уругваецот не се наоѓа во плановите на менаџерот Ралф Рангник. Желбата на искусниот напаѓач е кариерата да ја продолжи во Барселона.
„ТНТ спорт Аргетнтина“ тврди дека Кавани е подготвен спогодбено да го раскине договорот со Манчестер јунајтед, за да може да ја засили Барселона како слободен играч.
„Ел Матадор“, според овој извор бил подготвен да игра за Барселона за минимална плата, која е дозволена според шпанските закони.
Кавани во февруари ќе наполни 35 години, но во Барселона веруваат дека неговото искуство е неопходно за младиот тим со кој располага тренерот Чави.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Кризната состојба за нафтата ќе трае до 20 јули
-

Европа може да се соочи со недостиг на керозин: Колкави резерви има Македонија?
-

ММФ: Помал раст на економиите и повисока инфлација поради војната на Блискиот Исток
-

Петмина сведоци не се појавија на судењето за „Пулс“
-

Со докази продолжи судењето за Димитровска
-

СДСМ со кривична за унгарски сопственици на ТВ Алфа
-

Универзитетите и Владата единствени за новото законско решение за високото образование
