Кавадарци очекува поголема посетеност од ланскиот рекорд на посетители за ,,Тиквешки гроздобер”

Кавадарци очекува поголема посетеност од ланскиот рекорд на посетители за „Тиквешки гроздобер”. Ќе се одржи од 6 до 8 септември 2019 одина, а за организација на „Тиквешкиот гроздобер“ општината има обезбедно шест милиони денари и 4,5 милиони се очекуваат од донации.
На прес-конференција денеска градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев истакна дека очекува и годинава гроздоберот да помине без инциденти и без проблеми, како и минатогодишниот, а кој имаше 60.000 посетители.
Тој најави дека има максимална посветеност на сите субјекти за повисоко ниво и рангирање на манифестацијата во значајни настани од кои треба да биде дел.
Во карневалското дефиле во недела, како што најавија, ќе има учесници од земјава и странство, повеќе од лани. Околу сто луѓе се вклучени во делот на обезбедувањето на паркинг места, а пожарникарите ќе помагаат во делот на логистика.
Се заблагодари на сите спонзори и упати покана за посета на Кавадарци до сите оние кои сакаат да бидат дел од настанот во чест на грозјето и виното.
Во петок на градскиот плоштад ќе настапат 2 Бона. Сабота е резервирана за Антонија Гиговска и Јелена Розга, а недела за Здравко Чолиќ. Дополнително ќе ја збогатат програмата „Леб и сол“ кои се гости на манифестацијата. На сцена пак кај Спомен костурницата, ќе настапува диџеј Методи Христов.
Сузана Андоноски шеф на Кабинетот на градоначалнико истакна дека ќе има дегустрација на храна и вино со староградска музика, трка на келнери, изложба на олдтајмери, таблијада, мото рели.
Таа изрази надеж дека сите вкусови ќе бидат задоволени.
Ново на Сител
-

Неготинец пријавил измама од 280.000 денари
-

Цврсто сме определени да бидеме лидер во регионот со развојот на дата-центри, тоа е иднината на човештвото, вели Мицкоски
-

МНР: Две малолетни и едно полнолетно лице загинаа во сообраќајна несреќа во Словенија
-

MHERO официјално пристигна во Македонија: Oдржана премиерата на моќниот MHERO II 817
-

Во поплавите во Непал 475 жртви, 2.381 лице се водат како исчезнати од кои 644 се странци
-

УЕФА ќе го тужи Инфантино
-

Попладне наместа услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Честитка од Сиљановска-Давкова по повод Успение на Пресвета Богородица: Во време на премрежија ликот на Мајката Божја нѐ инспирира и храбри да истраеме на патот на доброто
