Кавадарци ќе биде седиште на асоцијацијата „Итер витис Балкан“

Во рамки на меѓународната конференција „Основање на ’Итер витис Балкан’ - Можност за поврзување и економски развој“, попладнево преставници од сите земји од поранешна Југославија и од Грција го посетија идното седиште на оваа организација, Кавадарци.
Гостите го посетија и Музејот на вкусовите, единствен од таков вид во регионот и винарската визба „Тиквеш“.
- Мене ми е посебна чест и задоволство што Кавадарци е дел од европските рути и тоа можеби најважната на Балканот. Тоа што го имаме се обидуваме со помош на Министерството за култура и Фондацијата „Тиквешки вински пат“ да го промовираме, нашата вистина за виното и винската култура и да станеме препознатлив бренд. Ова е одлична можност цела Европа да дознае за нашата вистина, рече градоначалникот на Кавадарци Акександар Панов.
Задоволство што Кавадарци ќе биде седиште на балканските вински патишта изрази и Виолета Јанкова, директор на „Тиквешки вински пат“.
- Како еден од директорите на винските патишта во Европа, можам да кажам дека успеавме да се избориме да се направат вински патишта како мрежа на Балканот. Со нив ќе се брендираат териториите на Балканот како земји од кои виното и винската култура се прошириле на територијата на Европа, што е малку познато и малку користено во брендирањето на виното и винската култура, рече Јанкова.
Таа нагласи дека има најава од Министерството за култура и Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот на Република Македонија дека ќе помогнат што поуспешно да се презентира Македонија како подрачје кое има развиен вински туризам, со цел да се привлечат што повеќе туристи кои ќе ги купуваат македонските производи и ќе ја запознаат македонската култура.
Стефано Домениони, директор на Европскиот институт за културни рути на Советот на Европа истакна дека денешниот ден е многу важен бидејќи се одбележува сертификацијата на винската културна рута, како една од културните рути на Советот на Европа.
- Тоа е културна рута која сакаме да ја доближиме до европјаните бидејќи вашата убава земја го заслужува тоа, нагласи Домениони.
Ново на Сител
-

Масовна излезност на изборите во Србија - до 17 часот над 60 проценти
-

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами
-

Рама најави казни до 5.500 евра за демонстрантите што нема да се повлечат по полициско предупредување
-

Камелија Недев освои сребро на Светското првенство во традиционално карате
-

Приведени девет возачи, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол
-

16-гoдишник од невнимание зaстрелал малолетник вo Боговиње, сам сe пријавил во полиција
-

Расте цената на нафтата на светските пазари, неизвесно дали ќе поскапат горивата во земјава
-

Тетовчанец под дејство на алкохол приведен откако со возило удрил три малолетници
