Кавадарци го одбележува Европскиот ден за борба против трговија со луѓе

Кавадарци со низа активности го одбележува утрешниот Европски ден за борба против трговија со луѓе. Настаните се реализираат од кавадаречкиот Црвен крст и Полициската станица од општа надлежност.
– Денеска во просториите на Црвен крст се одржа едукативна работилница на оваа тема, за околу 40 ученици од трите средни училишта во Кавадарци. Ги запознавме со поимот трговија со луѓе, корените и причините за таа појава, најчестите жртви и последиците од овој вид на организиран криминал. Во светот годишно околу два милиони и петстотини илјади лица се жртви на трговија со луѓе, од кои половината се деца, рече Димитар Каракулев, инспектор за превенција и претседател на Општинската организација на Црвен крст.
Утре, на градскиот плоштад, од страна на овие ученици ќе бидат поделени едукативни флаери на тема спречување на трговија со луѓе. Ќе бидат испишани пораки до младите луѓе во заедницата и показно, со пантомима на оваа тематика и други активности, ќе се одбележи овој датум.
Ново на Сител
-

Отворени врати за идните средношколци
-

Обуки и развојни решенија вработените во јавниот сектор и малите и средни бизниси можат да добијат на ФЕИТ
-

Преглед на вестите од светот
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
