-->
-->
Кавадарчанец со остар предмет му нанел убодна рана на сограѓанин
-->
Кавадарчанец со остар предмет му нанел убодна рана на сограѓанин, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.– Во Полициската станица Кавадарци, И.А.(38) од Кавадарци пријавил дека во неговиот дом дошол У.С.(20) од Кавадарци и започнал расправија со него во врска со паричен долг. Според пријавеното, И.А. со остар предмет на У.С. му нанел убодна рана. На У.С. му била укажана лекарска помош во болницата во Кавадарци, појасни Додевски.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци. Повредениот бил задржан во станица и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Расчистен случај со лажна сообраќајка, уапсен скопјанец што измамил жена за сума од 2.000 евра и 1.000 долари
-

Изборот на Ненад Савески за нов државен јавен обвинител утре на собраниска седница
-

Македонски државјанин уапсен во Грција - со мотоцикл возел со брзина од 223 километри на час
-

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“ со нови сведоци на Обвинителството
-

Уште една група македонски граѓани денеска треба да бидат евакуирани од Блискиот Исток
-

Трамп: Мислам дека со Куба можам да правам што сакам
-

Македонските граѓани се повеќе ги користат услугите на е-влада, но се уште сме далеку под просекот во ЕУ
-

Четиристотини загинати во ракетен напад врз болница во Кабул
