Кавадарчанец и двајца неготинци се качија на Триглав
Кавадарчанец и двајца неготинци деновиве се качија на Триглав, во рамки на организираната акција за искачување на највисокиот врв на Јулиските Алпи во Словенија, висок 2.864 метри. Екипата била составена од планинари Македонија.
- Временските услови беа речиси идеални. Патеката по која се искачувавме, важи за една од потешките и поатрактивните. Поголем дел од патеката е речиси алпинистичка, па мораше да се користи појас, шлем и метална сајла за придржување. Искачувањето во текот на првиот ден, до планинарскиот дом на околу 2.500 метри надморска височина, траеше околу шест часа, за МИА раскажува Блаже Бда Мелов, планинар од Кавадарци.
Тој наведе дека по ноќевањето во Домот, од таа позиција го гледале изгрејсонцето, а потоа продолжиле да се движат.
-До врвот се искачувавме по сајли и метални скали. Првите од нас, за околу час и половина од вториот ден од искачувањето беа на врвот. Имаше меѓусебни честитки за успехот, фотографирање за спомен и уживање во погледот кој допираше до италијанскиот и австрискиот дел од алпите. Патеката по која се спуштивме исто така беше многу стрмна, вели Мелов.
Планинарите ги посетиле и Бледското и Бохињското Езеро.
- Тројцата тиквешани сме од планинарското друштво „Фри хајкерс”. Ние сме доказ дека вистинското ривалство помеѓу кавадарчани и неготинци од минатото сега повеќе е на база на шега, затоа што ние навистина развиваме братство и единство по планините, дециден е Мелов.
Ново на Сител
-
Силно невреме ја зафати Хрватска | ВИДЕО
-
Скопјани нападнале и ограбиле маж на Камени мост
-
52 годишен скопјанец со пиштол и нож ограбил продавница, при бегање паднал и завршил во болница
-
Кривична пријава за родители од Штип - Ги заклучиле децата во автомобил и отишле во казино
-
Полицаец и германски политичар избодени со нож сред плоштад во Мајнхајм, Германија | ВИДЕО
-
Пад од 1,2 проценти на индустриското производство во април
-
Поскапени поштенските и курирските услуги
-
Хоспитализирани нови четири лица со голема кашлица, вкупно 661 случај во државава