Кавадарачекиот градоначалник ги прими каратистите на “Урбан инвест”

Кавадаречкиот градоначалник Александар Панов денеска ги прими во својот кабинет каратистите на карате клубот „Урбан инвест“ кои учествуваа на Балканското првенство во Белград, Србија. Женскиот ката тим од генерацијата со 13 и 14 години го освои првото место, а младите машки натпреварувачи од 11 и 12 години се закитија со бронзен медал.
- Според востановената практика, сите наши кавадарчани кои го афирмираат градот и Република Македонија, имаат прием кај градоначалникот. На каратистите би сакал да им се заблагодарам и да им честитам за освоеното 1-во и 3-то место на Балканското првенство. Тоа покажува дека и ние како локална самоуправа, не сме згрешиле со одлуката. дел од стредствата да ги намениме за спортските клубови, изјави Панов.
Тој упати честитки за компаниите како „Урбан инвест”, кои наменуваат дел од стредствата, во случајов за каратето како спорт, и им посака натамошни успеси на спортско поле.
Задоволство од постигнатиот успех изразија и извршниот директор на „Урбан инвест” Александар Сеизов, тренерот на клубот Ивана Аврамова и каратистите кои беа присутни во кабинетот на градоначалникот.
Ново на Сител
-

Филипче: Потребни се тешки компромиси за влез во ЕУ
-

Teма на денот со Ѓорѓи Паскалов, педијатар
-

Три лица осомничени за криминал од 2 милиони евра со регистрација на возила
-

СДСМ: Историско задолжување
-

Економијата во вториот квартал со раст од 4,3%, што е најдобар во последните 10 кавртали
-

Нови комунални возила за општините
-

Седми смртен случај од западно-нилска треска во Македонија
-

Клековски: 13-годишното дете со убод во срцето е во стабилна, но се уште во животно загрижувачка состојба
