Катругалос: Почитувањето на Договорот од Преспа веќе е услов за европска иднина
Шефот на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос смета дека споменувањето на Договорот од Преспа во заклучоците на Советот на министрите за надворешни работи на ЕУ е важно за Грција, бидејќи почитувањето на договорот во целост „веќе е услов за соседите да имаат иднина во Европа“.
Во дебатна емисија на грчката државна телевизија ЕРТ, доцна синоќа, министерот за надворешни работи на Грција ги коментираше заклучоците како за Турција и Албанија, така и за Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.
-Важно е споменувањето на Преспа бидејќи го покажува она што секогаш го велевме дека Преспа, освен што го реши горчливиот спор меѓу двата народа, токму затоа што сега јасно се поврзува со интегративниот процес на соседот ни гарантира дека некоја друга влада на местото на сегашната, која сака да го спроведе договорот, нема да може да се врати назад во она мрачно националистичко минато, токму затоа што почитувањето на Договорот од Преспа во целост веќе е услов за да имаат иднина во Европа, рече Катругалос за ЕРТ коментирајќи ги заклучоците на Советот на министрите за надворешни работи на ЕУ.
Ново на Сител
-

Истрага за убиство при семејно насилство во Битола
-

Убедлива победа за македонските ракометари на гостувањето кај Словачка
-

Поранешен директор на ЦИА предупредува дека војната со Иран може да трае со месеци
-

Рубио: Не е променета политиката на САД кон Тајван
-

Хрватска доби заем од ЕУ во вредност од 1,7 милијарди евра наменет за модернизација на одбраната
-

Во Белград уапсен возач осомничен за обид за убиство при пробивање студентска блокада
-

Меѓаши: Ниту едно дете не смее да чека инцидент за да биде заштитено, над 8.000 ученици дел од активности за побезбедни училишта
-

Путин набрзо ќе ја посети Кина

