„Катимерини“: Ципрас покажува на светлина на крајот од патот
Иако американскиот претседател Барак Обама не даде изјава во корист на отпишување на долгот на Грција во Берлин, грчкиот премиер Алексис Ципрас се обиде да влее надеж, изјавувајќи дека на повидок е крај на ревизијата од страна на грчките кредитори и економско заздравување за земјата, пишува „Катимерини“.
Атина се надеваше на изјава на Обама слична на коментарите што ги даде во Атина, нагласувајќи ја потребата за отпишување на долгот заедно со реформите со цел грчката економија да расте. Сепак, со оглед на противењето на Берлин за реструктуирање на грчкиот долг, Обама не ја загатна оваа тема во јавните изјави со германската канцеларка Ангела Меркел.
Како што јави допсиникот на МИА од Атина, весникот нагласува дека грчки владини извори, признале оти на Обама ќе му биде тешко да даде изјава за отпишување на долгот на Грција, додека е во Берлин.
Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле, кој е најголем поборник на штедењето и строгите економски реформи пред да може да се зборува за отпишување на долгот за Грција, вчера го повтори својот став.
- Секој што зборува за олеснување на долгот за Грција не им помага на оние кои се за реформи во земјата, изјави тој од Виена, само еден ден откако рече дека реструктуирањето на долг ќе и направи „лоша услуга“ на Грција.
Во својата изјава во Парламентот, Ципрас не зборуваше за прашањето за отпишување на долгот, туку се обиде да се покаже како оптимист во врска со перспективите на Грција, велејќи дека ревизијата на програмата наскоро ќе биде завршена, со што ќе се отвори патот за разговори за долгот и вклучување на Грција во програмата на Европската централна банка за квантитативно олеснување, пишува „Катимерини“.
- Имаме постигнато многу, но се уште имаме да изодиме долг пат. Тоа ќе биде тежок пат, но во исто време, се гледа крајот, рече Ципрас, додавајќи дека „ќе продолжи да се залага се додека земјата не се врати во услови за стабилност и нормалност“.
Тој рече дека неговата Влада е решена да ја стави економијата и општеството назад на свои нозе и на народот да му ги врати правата, социјалната заштита и условите за живот и работа кои тешките мерки на штедење од претходните години му ги одземаа.
Целта на Ципрас се уште е одлуката за олеснување на грчкиот долг да биде донесена на 5 декември, кога грчкиот министер за финансии Еуклид Цакалотос треба да се сретне со своите колеги од еврозоната на разговори за напредокот на Грција во спроведувањето на нејзината програма за финансиска помош.
Ново на Сител
-
Во Кина студент со нож уби најмалку осум лица, рани 17
-
Измамена велешанка - И кажале дека и следуваат 20 илјади евра, па пратила 600 евра
-
Притворен малолетникот кој на автобуски станици во Карпош со нож повредил двајца малолетници
-
Мигранти влегле во камион без знаеење на возачот и се обиделе да влезат во Македонија
-
Пронајдена дрога во Скопје, приведени повеќе лица
-
Мицкоски: Не знам дали е можен исчекор во евроинтеграциите до крајот на годината, но ќе сториме се да најдеме решение
-
Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство
-
Претседателката Сиљановска Давкова формираше Совет за млади