Катиќ: Регионот само со заеднички сили може да се справи со природните катастрофи
Поплавите се најчести и најголеми природни катастрофи што ја погодуваат Македонија и земјите во регионот. Во последните 20 години катастрофите врзани за климатските промени растат, не познаваат граници и затоа е потребен координиран одговор и силна прекуграничната соработка.
Ова се заклучоците од работилницата за „Намалување на ризиците од катастрофи и градење мрежа за урбана отпорност во Југоисточна Европа“, што се одржа во Струмица.
Според Крунослав Катиќ, раководител на проектот за градење урбана отпорност во Југоисточна Европа, нерамномерната распределба на луѓето во градовите и руралните средини, односно брзиот пораст на населението во градовите бара јакнење на капацитетите и унапредување на соработката меѓу градовите во регионот во справување со природните катастрофи.
-Од регионалните поплави во 2014 година сфативме дека во случај на катастрофа соседот му помага на соседот, односно ниту една држава во регионот не може сама да ги реши проблемите. Сите наши катастрофи, наши опасности се прекугранични, било да се работи за поплави или за пожари и затоа нашиот одговор мора да биде единствен, односно сите локални самоуправи и сите држави да учествуваат во тоа, изјави Катиќ.
Додаде дека големите градови во светот претставуваат само два до три проценти од територијата, на која живеат над 60 отсто од населението во светот.
-Тоа значи силен притисок врз системите за канализација, водовод, врз потрошувачката на енергија. За илустрација, во Македонија во 1950 година во градовите живее 20 отсто од населението, додека во 2000 година оваа бројка е над 60 отсто, истакна Катиќ.
На состанокот на кој учествуваа претставници на десетте општини од Југоисточниот регион, претставници на националните агенции за управување со ризици од катастрофи, како и локални служби за справување со катастрофи, беше истакнато дека во Македонија треба да се подобри планирањето во справувањето со катастрофите, кое засега останува слаба страна на системот за реакција.
Работилница за размена на искуства на локално и регионално ниво е дел од проектот „Градење на акциска мрежа за урбана отпорност во Југоисточна Европа“, кој го имплементираат Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, а е финансиран од Програмата на ЕУ за цивилна заштита и хуманитарна помош (DG ECHO) во земјите од Југоисточна Европа.
Ново на Сител
-
Агелер: Немате поголем поддржувач и партнер во остварување на вашите цели од САД
-
Еминем преку видеоспот објави дека ќе стане дедо
-
Подарок од срце за Светскиот ден на животните: dm донираше 678 килограми храна на три скопски прифатилишта за кучиња
-
Таравари вети вработување на половина од средно медицинскиот персонал што работи со договор на дело
-
Коцевска: Нема потреба од носење на Закон за амнестија, треба поголема примена на условниот отпуст со заштитен надзор
-
Расчистени повеќе диви депонии во општините Сарај, Карпош, Центар, Бутел и Чаир
-
Кликс: Најмалку 10 лица загинаа во поплавите во БиХ, побарана помош од Оружените сили
-
Македонски државјанин уапсен во Косово при обид заедно со други две лица со трактор нелегално да ја премине границата