Катица Јанева се враќа во Идризово
Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева е вратена во затворот во Идризово, неофицијално дознава Сител од свои извори.
Според неофицијалните информации, по спроведената проверка, Управата за извршување на санкции констатирала неправилности во отпустот кој на Јанева и овозможуваше делумна слобода, односно да работи во канцеларија на приватна компанија.
Нашиот извор вели дека по направената проверка, утврдено било дека канцеларијата каде што Јанева требало да биде ангажирана воопшто не работела по што таа била упатена на целосно издржување на казната.
До овој момент нема официјална потврда на оваа информација од Управата за извршување на санкции.
Катица Јанева доби 7 години затвор за злоупотреба на службената положба во случајот „Рекет“ во кој беше обвинета заедно со Бојан Јовановски, познат како Боки 13.
Ново на Сител
-
МПЦ се подготвува за Велигден
-
МПЦ се подготвува за Велигден
-
Задоцнета реакција - трет протест во Кочани
-
Три лица загинаа, осум повредени во сообраќајна несреќа
-
Македонските патишта не се безбедни, но и возачите пребрзо возат
-
Православните христијани ја слават Велика сабота
-
Голема раздвиженост за Велигденските празници во Охрид
-
Католиците го слават Велигден