Македонија
27. September 2019 - 8:43

Катедрата за италијански јазик и книжевност ќе одбележи 60 години постоење

 Домашни и странски истражувачи од областа на италијанистикатаќе учествуваат на меѓународен собир по повод 60 години од постоењето на Катедрата за италијански јазик и книжевност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје.

Дводневниот собир е насловен „Италијанистиката во третиот милениум – новите предизвици во јазичните, книжевните и културните истражувања – 60 години изучување италијански јазик на УКИМ“ и ќе се одржува на Филошкиот Факултет „Блаже Конески“.  Ќе биде отворен со тркалезна маса во Ректоратот ан УКИМ со обраќања на италијанскиот амбасадор Карло Ромео, министерот за образование и наука Арбер Адеми, ректорот на Скопскиот универзитет Никола Јанкуловски и  раководителка на Катедрата за италијански јазик и книжевност Александра Саржоска.

Учество на собирот потврдиле повеќе од 80  италијанисти од земјава, Италија, Бразил, Франција, Летонија, Црна Гора, Шпанија, Полска, Србија, Унгарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Бугарија, Словенија, Романија, Грција и Албанија. 

Планирано е во двата дена од собирот да се одржат голем број предавања од областа на италијанискиот јазик, култура и литература, а во чест на 60-те години изучување на италијанскиот јазик на УКИМ, Амбасадата на Италија утревечер во Филхармонијата ќе организира  свечен концерт на кој ќе настапи тенорот Благој Нацоски.