Свет
9. July 2019 - 14:41

Катастрофални поплави во Шпанија: Водената стихија ги носи автомобилите, улиците станаа реки

Врнежи проследени со град, доведоа до затворање на патиштата и прекин на струјата во повеќе делови од Шпанија, а во градот Тафаља, на северот од градот се излија две локални реки.

Улиците станаа реки, а на многу снимки може да се видат автомобили како се натрупале еден врз друг или се заглавени во калта.

Властите на северот од Шпанија соопштија дека денеска пожарникарите го пронашле телото на возачот чиј автомобил го однела водата предизвикана од интензивни и обилни врнежи.

Пристапот во тој град во кој живеат 10.000 жители не е расчистен до раните утрински часови, а прекинат е сообраќајот и на главната железничка пруга.
 

Во соседната Памплона борбата со бикови на славниот фестивал Сан Фермин мораше да се откаже поради дождовите.

Националната метеоролошка агенција АЕМЕТ предупредува дека денеска се очекуваат нови врнежи.