Катастарот ја поддржува акцијата на Финансиската полиција

Агенцијата за катастар на недвижности ја поддржува денешната акција на Финансиската полиција во која беа уапсени 19 лица меѓу кои актуелни и поранешни вработени во Катастарот.
Во соопштението од Агенцијата за катастар на недвижности посочуваат дека Секторот за внатрешна контрола при вршење редовна контрола на предметите во Центарот за катастар на недвижности-Скопје откри можни злоупотреби на службената положба и овластување од страна на одделни вработени, за што веднаш е информирана Финансиската полиција на Република Македонија.
- Еден од врвните приоритети на Агенцијата за катастар на недвижности е борбата против корупцијата и криминалот, како и заштитата на имотот на граѓаните, правните лица и имотот на Република Македонија, наведуваат од Агенцијата и додаваат дека ќе продолжат со градење на капацитетите и системите со цел спречување, откривање и сузбивање на незаконските дејства, како и нулта толерација за криминал и корупција.скс/паг/12:51
Ново на Сител
-

Двајца македонски државјани прогласени за непожелни во Албанија
-

Ѓорѓиевски: Парична помош за 456 онколошки пациенти во наредните два дена
-

МЗ: Состојбата во Гостивар континуирано се следи, намален вкупниот број прегледи
-

Водата во Скопје квалитетна и безбедна за пиење
-

Кривична за сопственик и фирма поради сомнение за даночно затајување над 7,2 милиони денари
-

Групна тепачка помеѓу шест лица во Шуто Оризари
-

24-годишен тетовец со тврд предмет ја нападнал својата мајка
-

Ангелов и Јанчев: Пожарот во Кавадаречко се очекува до крајот на денот да биде изгаснат во целост
