-->
-->
Каталонија ќе забрани пушење во автомобили, на стадиони и на автобуски станици
-->
Владата на шпанската област Каталонија планира да го забрани пушењето во приватните автомобили, на стадиони и автобуски постојки, а новите закони може да влезат во сила следната година.
Забраната ќе важи не само за обичните цигари, туку и за електронските и други средства за пушење тутун. Новите правила се последица на наглото зголемување на бројот на пушачи во Каталонија. Од 1990 до 2017 година нивниот број беше намален на 24 отсто, но минатата година се зголемил на 25,6 проценти.
Заострувањето на правилата за пушење се применува во сите земји од ЕУ. Се забранува пушење на јавни места, се воведуваат нови акцизи на тутунските производи. Париз го забрани пушењето во десетици паркови и градини, а Грција на некои плажи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости