-->
-->
Кастратовиќ: Важно беше на крајот и со која разлика ќе победиме
-->

Ракометарките на попладнево ја постигнаа и втората победа во групата од Лигата на шампионите. Совладан беше дански Митјиланд со 33:24.
На прес конференцијата тренерот на ЖРК Вардар Индира Кастартовиќ на прашањето за падот во играта истакна:
- Девојките некако прерано почнаа да се радуваат на победата, а јасно е дека во ист ритам не може да се игра 60 минути. Откако ќе ја предгледаме снимката ќе се обидеме тие грешки да ги отстраниме. Кога се игра добро во одбраната и во нападот полесно се постигнуваат голови.Добро што ракометарките после се вратија бидејќи важно беше и со која разлика ќе се совлада ривалот.
Ања Алтхаус за дуелот истакна:
- Среќна сум и горда заради победата. Игравме со силен тим, а ние покажавме дека имаме квалитет. Благодарност и до навивачите.
Тренерката на Митјиланд Хеле Томсен рече:
- Тука се беше добро за нас освен резултатот. Игравме против добар тим, инаку ова беше тежок натпревар.
Во следното коло во недела на 8.ноември Митјиланд е домаќин на Вардар во рамките на 4.коло.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп објави дека ги зголемува глобалните царини на 15 проценти
-

Поднесено обвинение против 21-годишник од Свети Николе: Jа тепал бремената девојка и ја заклучил во соба 15 часа
-

ЗОИ2026: Злато за Франција во скијачко планинарење
-

Жител на Франгово управувал автомобил без возачка, возилото е одземано
-

39-годишен маж киднапиран во тетовско, три лица приведени
-

Автомобил излета од патот во виничко, возачот почина
-

Прегазен 80-годишен пешак во Дебар
-

Мицкоски за детали за истрагата за марихуаната упатува на МВР, но вели има поврзаност со лица од претходната влада
