Касами: Потребно е дополнително прецизирање за предлог законот за организација и работа на органите на државната управа
Претседателот на Движење Беса, Биљал Касами истакна дека за предлог законот за организација и работа на органите на државната управа има потреба од дополнително прецизирање. Според него, нема да се повлече, туку ќе се договораат уште детали.
- Има некои измени. Имаше првична идеја градинките да преминат од труд и социјала во Министерство за образование. Во дополнителните преговори што ги имавме со мандатарот, договоривме уште овој период да останат во труд и социјала. Ќе има реорганизација и во други институциите. Повлечен е предлог законот за да не одиме со амандмани, ќе се пушти во текот на денот со измените, истакна Касами од тетовско Желино каде промовираше дисперзирана противпожарна единица.
На новинарско прашање што очекува од ДУИ, Касами изрази надеж дека ќе бидат конструктивна опозиција.
- Се надеваме дека ДУИ и коалицијата ќе бидат конструктивна опозиција во вредностите во кои ние веруваме, резултатите на Владата се директно зависни од тоа колку е консолидирана и силна опозицијата. ДУИ ги има бројките, се надеваме дека и волјата ќе ја имаат за да бидат конструктивна силна опозиција, коректор на власта. Со тоа да граѓаните да можат да имаат придобивки од една власт која ќе работи за нив, истакна Касами.
Ново на Сител
-
Таравари дефинитивно излегува од Влада, Мицкоски му посака среќа и добро здравје
-
Ахмети се антиквизира
-
Македонија со поддршка за формирање на суд за воени злосторства во Украина
-
Муцунски во Шведска
-
Мицкоски е подготвен да оди во Кочани да разговара со родителите на загинатите во “Пулс”
-
Интернационален тим лекари 6 недели обучуваа свои колеги за рехабилитација на повредните во Кочани
-
Син со секира го уби својот татко
-
Охриѓани се хумани, помагаат на сограѓаните во социјален ризик