Картер: САД ќе остане клучен партнер во меѓународната коалиција против ИД

Американскиот министер за одбрана Ештон Картер денеска изрази увереност дека САД, и под администрација на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, ќе продолжат да играат централна улога во меѓународната коалиција, која се бори со Исламска држава во Ирак и Сирија, пренесоа американските медиуми.
-Не можам да зборувам во име на следната администрација, но имајќи ги предвид резултатите кои ги постигнуваме и силата на нашата коалиција, убеден сум дека САД и нашата армија ќе продолжат да бидат со Вас како водечки партнер во оваа кампања, посочи тој на почетокот на денеска почнатата конференција за военото планирање во Лондон.
На конференцијата учествуваат министрите за одбрана и високи воени старешини од 14 земји од антиџихадистичката коалиција.
Средбата почна во момент кога нема јасна слика што ќе значи влегувањето на Трамп во Белата куќа за иднината на коалицијата, забележуваат амаериканските медиуми.
Картер пристигна во Лондон по речиси двонеделната трунеја низ земјите во кои САД имаат воен ангажман, вклучувајќи го и Ирак.
Учесниците на лондонската средба од генерал Џозеф Војтел ќе бидат информирани за битките што во моментов се водат во ирачкиот град Мосул и во Рака - престолнината на џихадистите во Сирија. Како началник на американската Централна команда Војтел е највисокиот офицер, кој раководи со кампањата на коалицијата против ИД во Сирија и в Ирак.
Во својот воведен говор Картер кажа дека коалицијата треба да остане ангажирана во Ирак, дури и откако ИД ќе биде потисната од Мосул.
-Во Ирак треба посебно да бидеме подготвени да им даваме трајна помош на ирачките сили за безбедност за да можат да ја подобрат безбедносната состојба и во останатиот дел од земјата, подвлече шефот на Пентагон.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Пожарот во Тетово се шири кон Шар Планина, интервенираат пожарникари и полициски хеликоптер
-

Почина 72 годишен скопјанец на Инфективна – шеста жртва со западно-нилска треска
-

Лажни возачки за камиони и автобуси – внатрешната контрола на МВР истражува
-

Годишните извештаи на Совет на ЈО и Републичкото обвинителство за 2025 пред пратениците
-

Владата преговара со 5 до 6 потенцијални инвеститори за изградба на дата-центри
-

Дурмиши: Цените во маркетите засега се стабилни, инспекциите продолжуваат
-

Потпишан договорот за гасоводот Македонија-Србија, инвестицијата вреди 29,4 милиони евра
