Картално здружување на 10 осигурителни компании, случајот го коментираше и премиерот Мицкоски

Поведена е постапка против 10 осигурителни компании заради основано сомнение дека се здружиле во картал којшто е директно на штета на граѓаните и стопанството.
- Десетте осигурителни компании кои вршат услуги од областа на осигурувањето на територијата на Македонија, во месец април 2024 година, преку усогласено однесување ја замениле состојбата на непречена конкуренција на релевантниот пазар со состојба на практична соработка помеѓу претпријатијата, чија цел е нарушување на конкуренцијата, преку зголемување на продажната цена на премијата/процентот за вршење на дејноста на осигурување (режиски додаток), што е дел од премијата за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица и задолжително се плаќа при регистрацијата на моторни возила, информираа од Комисијата за заштита на конкуренцијата.
Заради целосно документирање на случајот и покренување на прекршочна постапка, Комисијата за заштита на конкуренцијата извршила увиди во службените простории на осигурителните компании, вклучително и увиди во нивната меѓусебна комуникација при што се пронајдени докази дека одлуката за зголемување на цените на премијата за автоодговорност е донесена како резултат на усогласено однесување – картал.
Доколку по завршување на прекршочната постапка се потврди постоењето на прекршок, против десетте осигурителните компании ќе бидат изречени казни заради сторениот прекршок.
Случајот денеска го коментираше и премиерот Христијан Мицкоски, кој бил информиран од страна на директорката на Комисијата.
- Ме информираше директорката на Комисијата за заштита од конкуренција и мислам дека таму ќе ви дадат подетални информации. Некои информации за мене се навистина непријатно изненадувачки, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на општина Илинден.
Ново на Сител
-

Две лица приведени и запленети 65 килограми марихуана кај Градско
-

Зголемена дневна фрекфренција од албански граѓани на ГП „Ќафасан" за набавка на нафта и храна во Македонија
-

Клековски: Законот за забрана на пушењето ќе биде најпрогресивен, но ќе треба масовна поддршка за да се спроведе
-

АВМУ: Партиите да не етикетираат новинари, а медиумите да ги почитуваат новинарските стандарди
-

Приведени 15 возачи за безобѕирно возење
-

Зеленски пристигна во Истанбул на разговори со Ердоган
-

Иран им дозволи на хуманитарните бродови да поминат низ Ормуската Теснина
-

„Нов живот за езерото“ - еко акција за чистење на дното на Охридското Езеро во Радожда
