Каролина гостинка на концертот на Дуке Бојаџиев во Карнеги Хол

Поп-пејачката Каролина Гочева заедно со камерниот оркестар на Македонската филхармонија, ќе биде специјална гостинка на концертот на композиторот и пијанист Дуке Бојаџиев, кој живее и работи во САД, а кој ќе се одржи на 8. октомври во една од најпрестижните концертни сали во светот, „Карнеги хол“ во Њујорк.
На концертот во овој центар каде настапуваат врвни репродуктивни уметници од целиот свет, премиерно пред американската публика ќе прозвучи најновата песна на Каролина со наслов „Зборови немам“, чиј комплетен автор е Бојаџиев. Како што информираат од Авалон продукција, песната е снимена и продуцирана во музичкото студио „Гаеа“ во Њујорк, а вокалот на Каролина е снимен во студиото „Марифет“ во Скопје.
Најновата песна на Каролина и Дуке македонската премиера ја имаше минатиот месец.
Ново на Сител
-

Протест за правосуден испит на албански
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Протест за правосуден испит на албански
-

Министрите ќе може да имаат двојно државјанство, предлог законот на СДСМ не помина во Собрание
-

Сиљановска: Не бараме привилегии од ЕУ
-

Опозициски прашања во Собранието
-

ВМРО-ДПМНЕ: Коалревиќ и Абази одработуваат за СДСМ и ДУИ
-

Поскапуваат горивата од полноќ, попустот од Окта веќе не важи
