-->
-->
Карневалски групи од Струмица и Радовиш на карневал во Брач
-->

Kарневалската група „Кико Стил” со маските „Златните потковици” и „Белите Соколи”, ООУ „Маршал Тито”-Струмица со маската „На бишка џнгрлак” и балетското студио „Газели“ од Радовиш со маската „Танцот на Кабаутерите”, учествуваа на Меѓународниот летен карневал во Брач, Хрватска.
Групите, во периодот од 13 до 18 овој месец, настапија во местата Бол, Супетар, Сутиван, Сумартин и Милна пред домашната публика и голем број туристи.
На хуманитарната вечер во Бол струмичките карневалисти продаваа наши традиционални производи, а собраните парични средства ги наменија за поддршка на локалната заедница, гест што беше посебно поздравен од домаќините.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Градоначалничката на Кисела Вода го пречека победникот на „Ѕвездите на Гранд 2026“ Бојан Илиевски
-

Љутков: Што и да се случи, секогаш стојам зад културата
-

Топол бран до средината на следната недела
-

Ким надгледуваше тестирање на оружје
-

Уапсен кочанчанец - возел без возачка дозвола и при преглед на возилото пронајдена е брендирана роба
-

Се зголемува бројот на жртви од земјотресите во Венецуела
-

Мицкоски: Зад провокациите станува збор за организирана бугарска пропаганда во нашата држава
-

СП 2026: Еквадор ја совлада Германија
