„Кармина Бурана“ вечер во МОБ

Најпопуларната сценска кантата „Кармина Бурана“ од германскиот композитор Карл Орф вечер од 20 часот е повторно на сцената на Македонската опера и балет. Режисер е Дејан Прошев, кореограф Кан Арслан од Турција, диригент Бисера Чадповска.
Кантатата се заснова на 23 песни од збирка средновековни текстови и песни „Кармина Бурана“, пронајдена во манастир во јужна Германија. Дел е од Орфовиот триптих кантати „Трионфи“ пишувани врз латински текстови, заедно со „Кармина Катули“ и „Трионофо ди Афродите“.
Најпозната е по делот „Фортуна императрикс мунди“ или „О фортуна“ – дел со кој се отвора и се затвора ова музичко дело. Кантатата првпат била изведена во Франкфуртската опера на 8 јуни 1937 и веднаш имала голем успех.
Во вечерашната изведба на „Кармина Бурана“ настапуваат хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на МОБ. Оперски солисти ќе бидат сопранистката Катерина Стојановска, контратенорот Дејан Стоев и баритонот Горан Начевски, а балетски солисти се: Марија Кичевска-Шокаровска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Давиде Буфоне од Италија и Мирослав Митрашиновиќ.
Ново на Сител
-

Ристовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои
-

Три лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во напад со руски дронови врз регионот на Киев
-

Во делови на Европа се зголемуваат случаите на Западнонилската треска
-

Пратеникот на ОН за Јемен предупредува на ризик од обновен конфликт од големи размери
-

На Карпалак ќе биде положено цвеќе во спомен на загинатите од воениот конфликт од 2001 година
-

Портокалова фаза, температури до 40 степени
-

Портокалова фаза утре, температури до 40 степени
-

Андоновски: Националниот дата центар ќе биде со мала инсталирана моќност и ќе служи исклучиво за потребите на државата
