Каргов: Најмногу претставки против инспекторите за труд
Инспекцискиот совет денеска разгледуваше осум претставки, од кои четири се поднесени против инспектори од Државниот инспекторат за труд и по една за пазарен инспектор, просветен, управен и инспектор за храна.
Според претседателот на Испекцискиот совет Ванчо Каргов, досега најголем број на претставки кои се разгледувани се однесуваат за инспекторите за труд и од пазарниот инспекторат.
- Во претставките од денешната седница најмногу се однесуваат на трудовите инспектори кои при контролата вршеле влијание. Инспекторите вршеле притисок за преку која фирма да се обезбедуваат елаборати за безбедност и здравје при работа или на пример компаниите да вршат услоги од одредени сметковотствени фирми кои тие ги нуделе, истакна Каргов.
До денеска, посочи Каргов, Советот реализирал 28 претставки против испектори, од кои за три е констатирано дека има основа за спроведување на дисциплинска постапка, кај два се утврдени дисциплински одговорности, а за еден инспектор наскоро треба да биде завршен предметот.
Најголем број на претставки, потенцира Каргов, се поднесени против локалните инспектори, за кои Советот не е надлежен и ги препраќа до општините.
Тој упати апел до граѓаните да укажуваат на сите неправилности од страна на инспекторите и информира дека во последните две недели значително бил зголемен бројот на жалби против нив.
Ново на Сител
-
Фернандеш за асистенцијата на Роналдо: За Португалија е поважно да победува
-
Смокови му ги изеле глабите на штипјанец
-
Од утре времен сообраќаен режим на регионалниот пат Р1109
-
Воздухопловна база во Романија наскоро ќе биде најголемата база на НАТО во Европа
-
Утрово најсвежо во Лазарополе
-
На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу 40 минути
-
Мицкоски ќе биде 13 премиер на 20. македонска влада
-
Духовден – Слегување на Светиот Дух и роденден на Црквата