Кардинал Пулиќ, делегат на папата на прославата „Денови на св. Мајка Тереза“

Поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциско го именува кардиналот Винко Пулиќ, надбискуп архбосански, за свој специјален делегат на централната Татковинска прослава „Денови на св. Мајка Тереза“ во Скопје.
За ова кардиналот Пиетро Паролин, државен секретар на неговата светост, преку Апостолската нунцијатура во Македонија денеска го информирал скопскиот бискуп и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов.
Благодарствената света Божествена литургија по повод канонизацијата на блажена Мајка Тереза ќе се одржи на 11 септември во родниот град на новата Светица.
Татковинската прослава „Денови на св. Мајка Тереза“ ќе се одржи од 5 до 11 септември 2016 година во Скопје под покровителство на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, кој воедно ќе ја предводи и државната делегација на прогласувањето на Мајка Тереза за светица на 4 септември во Рим.
Ново на Сител
-

Двајца загинати во голем пожар на грчкиот остров Саламина
-

Кристијано Роналдо ја игра последната сезона
-

„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на 324 кг марихуана
-

Папата повикува на прекин на насилството врз Палестинците на Западниот Брег
-

Пожар на селото Вржале, за утре планирана воздушна интервенција
-

Активни пет пожари, три под контрола, регистрирани вкупно 14 пожари
-

Израелски министер се залага за убивање десетици Палестинци дневно: Тие луѓе не се достојни за живот
-

Приведени четири лица за нарушување на јавен ред и мир во Кочани
