Џет-Сет
26. October 2015 - 10:05

Кардашијан: Додека бившиот се оправува, таа се слика гола!

Иако нејзиниот поранешен сопруг со кој се помири е пуштен на домашно лекување, Клои Кардашијан позира гола и се смешка од насловната на своите мемоари.

Таа ги покажува своите облини и одлична фигура во новиот жежок едиторијал. 31-годипната ѕвезда во својата нова книга раскажува за приватните работи и за борбата со килограмите, како и врските и проблемите со кои се соочувача до сега.

Клои претходните денови беше во друштво на својот се уште законски сопруг Ламар Одом кој е пронајден во бессвесна состојба во бордел, откако се предозирал. Заносната блондинка, и покрај тешките моменти кои ги преживува, блесна на голите фотофрафии и гордо ја покажа својата става, за која е потребно многу труд и одрекување.