Караванот за „Купи куќа за млади“ во Велес, Свети Николе и Пробиштип

Во рамки на караванот посветен на проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“ денеска ќе се одржат презентации во општинските згради во Велес, Свети Николе и Пробиштип.
На караванот граѓаните ќе можат да добијат целосна информација за проектите од претставници на Министерството за финансии, од Катастарот, банкари, претставници, како и претставници од општините кои ќе ја презентираат понудата на државни плацеви.
Во тек на караванот ќе се одржат презентации во 30 општини, меѓу кои и Охрид, Струга, Ресен, Битола, Демир Хисар, Тетово, Гостивар, Кичево, Куманово, Кратово, Крива Паланка, Штип, Кочани, Делчево, Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Струмица, Радовиш Прилеп, Крушево, Македонски брод, Берово и Дебар, соопшти Министерството за финансии.
Ново на Сител
-

Експерти: Силните ветришта во Скопје не се вообичаени, но нема да бидат изолиран случај
-

Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен амбасадор
-

Скопје ден по невремето со ветер со јачина на ураган
-

Урагански ветар пустошеше по Истокот
-

Епидемијата во Гостивар стивнува велат од здравство, цистерни вода ќе се носат од други градови
-

Брисел ни ги достави задачите што треба да ги исполниме до декември
-

Ганди доби биста во Музејот на Град Скопје
-

Просечната плата се доближува до 50 илјади денари: Кои работници се најплатени?
