Караванот „Купи куќа, купи стан“ во Свети Николе
Караванот „Купи куќа, купи стан“ денеска ќе биде во Свети Николе. Претставниците од Министерството за финансии пред граѓаните ќе го презентираат проектот, условите за аплицирање, висината на субвенциите, моделите кои можат да се користат и процесот како да се аплицира.
Во рамки на презентацијата, што ќе се одржи од 17 часот, ќе биде претставена и локалната понуда на станови, како и плацеви за изградба на куќи кои ги нуди општината.
Караванот е во посета на Свети Николе по барање на жителите на овој регион. Минатата недела, при работна посета на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, граѓаните искажаа голем интерес за „Купи куќа, купи стан“. Некои од нив веќе го имаа искористено проектот и сакаа позитивното искуство да го пренесат на своите сограѓани.
Караванот „Купи куќа, купи стан“ одржува презентации низ градовите во Македонија со цел да го приближи проектот до секој граѓанин кој има потреба од него.
Ново на Сител
-
Децата ја наследуваат интелигенцијата од мајката, според новите истражувања
-
Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус
-
Гвардиола: Ни требаат нови луѓе
-
Приведени скопјани барани со потерници
-
Пронајдена дрога кај осуденик во битолскиот затвор
-
Германија: „Дубаи чоколадо“ е само она што се произведува во ОАЕ
-
Хамас го прифати нацрт-договорот за прекин на огнот вo Појасот Газа
-
Последен ден од новогодишната кошница - Ќе се покачат ли цените на основните производи?