Каранфиловска Пановска: Нема гаранција дека е прекинат надзорот на телекомуникациите
Заштита на приватноста од аспект на контролирањето на комуникациите и надзорот, заедно со медиумската сфера, се подрачјата во кои извештајот од септември на експертската група на Рајнхард Прибе констатира дека и по две години во голема мера нема никаков напредок и мора нешто да се направи.
Ова го посочи извршната директорка на Фондацијата „Отворено општество“ Македонија Фани Каранфиловска Пановска на отворањето на денешната 13. Меѓународна конференција „Е-општество“ во Скопје.
- Немаме никаква гаранција со оглед на тоа дека во извештајот се констатира дека во планот на надзорот на телекомуникациските системи нема никаков напредок. Немам никаква причина зошто да верувам дека тоа е прекинато. Можеби е, но не добивам таков впечаток од ниеден од пишаните документи и материјали од тоа како течат процесите. Со самиот факт што сега допрва Министерството за внатрешни работи покренува иницијатива за нов закон за оперативно техничка Агенција што ќе треба да го преземе овој дел од УБК на друго место покажува дека таму поставеноста и пристапот до информациите и телекомуникациските системи не е променет, изјави Каранфиловска Пановска.
Посочи дека законските измени се само инструментот, но суштината е многу сериозна и дека Фондацијата ќе продолжи да се залага и да ги поддржува граѓанските организации сериозно да го следат процесот на изготвување и спроведување на реформите од овој, како што рече, голем реформски пакет.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам