Караџиќ поради здравствената состојба побара да биде ослободен до обжалување на пресудата
Поранешниот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ, кој беше осуден од Меѓународниот трибунал на 40 години затвор за геноцид и други злосторства за време на војната во Босна во 1992-1995, побара поради влошената здравствена состојба да биде ослободен до обжалувањето на пресудата, која ја нарече „чудовишна“.
Караџиќ го упати тоа барање денеска при првата изјава во Трибуналот по произнесувањето на пресудата.
Тој побара да биде сослушан од судот, за да биде разгледана неговата здравствена состојба, и за болестите ги обвини лошите услови во затворот, кои, според него биле „како од 19 век, како некој комунистички или турски затвор“.
Американскиот адвокат на Караџиќ Питер Робинсон рече пред судијата Теодор Мерон дека по пресудата Караџиќ е потиснат и е како „тигар во келија“. нд/19:05
Ново на Сител
-
Ахмети се антиквизира
-
Македонија со поддршка за формирање на суд за воени злосторства во Украина
-
Муцунски во Шведска
-
Мицкоски е подготвен да оди во Кочани да разговара со родителите на загинатите во “Пулс”
-
Интернационален тим лекари 6 недели обучуваа свои колеги за рехабилитација на повредните во Кочани
-
Син со секира го уби својот татко
-
Охриѓани се хумани, помагаат на сограѓаните во социјален ризик
-
Преглед на вестите од светот