-->
-->
Караџиќ ја обжали пресудата за доживотен затвор
-->
Поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, кој беше прогласен за виновен за најголемиот масакр на цивили во Европа по Втората светска војна, ја обжали пресудата на судот во Хаг, со која му беше изречена казна доживотен затвор.
– Радован Караџиќ ја обжали доживотната казна, која му беше изречена на 20 март – соопшти Судот во Хаг врз основа на правната информација поднесена од неговиот адвокат Питер Робинсон.
Караџиќ (73) беше прогласен за виновен за воени злосторства за време на војната во Босна и Херцеговина од 1992 до 1995 година. Тој е прогласен за одговорен за масакрот на над 8.000 Бошњаци во Сребреница, за злосторства против човештвото, убиства и тортура, како и за кршење на воениот закон при опсадата на Сараево.
За време на војната во БиХ беа убиени околу 100.000 луѓе .
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива
-
Каде ќе завршат гласовите за Османи и Таравари во вториот круг - одлука ќе се носи во следните денови
-
Парламентарни избори