-->
-->
Карачиќ останува во Вардар и следната сезона
-->

Хрватскиот ракометен репрезентативец Игор Карачиќ потврди дека и следната сезона останува дел од македонскиот и актуелен шампион Вардар.
„Имам договор и за следната сезона и сигурно останувам. После тоа, се е во магла. Ќе видиме што ќе биде. По оваа сезона ќе имаме многу промени во играчкиот кадар. Многу ќе заминат, но очекувам и да дојдат засилувања“, изјавил Карачиќ за хрватските медиуми.
Осврнувајќи се на резултатите кои „црвено-црните“ ги постигнаа во текот на целата календарска 2017 година, Карачиќ нагласува дека тоа е резултат на напорна работа.
„ Вардар е зрел тими, тре е резултат на напорите во изминатите четири години. Постигнавме огромен успех за македонскиот спорт, колку се цени тоа во земјата, најдобро се гледа по тоа што државата ги одликува Македонците од екипата“, нагласува хрватскиот бек.
Што се однесува до очекувањата, тој потврди дека и сезонава Вардар атакува на највисок пласман, во најмала рака пласман на завршниот „фајнал-4“ турнир.
„Нема да зборувам за одбрана на титулата шампиони на Европа, но, императивот е да се пласираме на Ф4 турнирот. Се надевам дека нема да застанеме на тоа. Не очекува пауза во Лигата на шампионите до февруари и ќе се обидеме што подобро да се подготвиме за следните предизвици“, изјави Карачиќ.
Тој ќе и се приклучи на селекцијата на Хрватаска со која ќе се обиде да ја искористи предноста на домашниот терен и поддршката од публиката на претстојното Еевропско првенство чиј домаќин ќе биде токму неговата земја.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Запален автобус на автопатот Гевгелија-Скопје
-

Николоски: Невозможни се барањата на „Рајан ер“
-

Министерката Јаневска на 24. Светски образовен форум во Лондон, ќе се обрати на панел дискусија посветена на креирање политики базирани на факти
-

Кина: Постигнат е напредок во трговските преговори со САД
-

Мицкоски за законот за игри на среќа: Се става ред и дисциплина во игрите на среќа
-

Претседателката Сиљановска-Давкова ја посети Македонската православна црква во Љубљана
-

Мицкоски: Пуштен е во употреба новиот градски пазар во Општина Виница
-

Четири медитерански земји предупредуваат на ризик од нова миграциска криза
