Капиталните едиции во продажба

Сите капитални едиции промовирани последните неколку години и сите поддржани изданија во Годишната програма на Министерството за култура можат да се купат во пет библиотеки во Македонија. Делата се достапни во Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје, во универзитетските библиотеки „Св. Климент Охридски“ од Битола и „Гоце Делчев“ од Штип и во библиотеките „Кочо Рацин“ од Тетово и „Григор Прличев“ од Охрид.
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска информира дека иако овие едиции се дел од библиотечните фондови на националните институции, нивната интенција е книгите да бидат пуштени и во продажба за секој читател да може да си избере одредено издание од домашната и светска литература.
- Наша цел беше да ги доближиме врвните вредности на македонската и светската литература до читателската јавност, да обезбедиме соодветна литература која ќе го збогати образовниот и едукативниот процес, да го подигнеме нивото на интелектулна култура во нашата држава, рече Канческа-Милевска.
Министерката за култура додаде дека при бројните промоции на делата постојано до нив пристигнувале иницијативи и побарувања од стручните редакции и од граѓаните за едициите да бидат дел од нивните приватни библиотеки. За таа цел, како што рече, Министерството за култура во мај годинава пристапи кон измени во Законот за библиотеките со што конечно се создадоа формално-правни услови националните установи од областа на библиотечната дејност да можат да вршат продажба на публикации.
Од 1 јули дел од книгите можат да се купат одделно или да се купи цел комплет на десет месечни рати. Просечната цена на една книга од едицијата „130 тома македонска книжевност“ изнесува 156 денари, а книга од едицијата „Превод на литературните дела на добитници на Нобелова награда за литература“ е 300 денари.
- Продажбата на публикациите во нашите установи ќе има исклучително значајна културолошка и воспитно-образовна функција и ќе придонесе библиотеките дополнително да се отворат кон јавноста, рече Канческа-Милевска.
Таа информира дека проекти кое се во фаза на реализација се -Антологија на македонската поезија на шест светски јазици, Антологија на македонската литература за млади и деца, 50 книги за најпознатите светски битки, 50 книги од областа на здравиот живот, уметноста и архитектурата, 316 книги од едицијата Светско книжевно богатство,...
Директорот на Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Скопје Иван Заров посочи дека некои од овие дела првпат се преведени на современ, книжевен, македонски јазик и додаде оти се работи за многу квалитетни преводи.
- Читајте, купувајте и ширете го убавиот македонски збор, рече Заров.
Ново на Сител
-

Путин преку телефон му кажал на Трамп дека Русија нема агресивни планови кон Европа
-

Уапсени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“, 10 возеле без возачка дозвола
-

Мицкоски: Да бидеме генерацијата која ќе ја внесе државата во ЕУ, но нема компромиси за идентитетот, јазикот и културата
-

Лавров: Русија е подготвена за преговори за решавање на украинското прашање
-

Мицкоски: Верувајте во нашата татковина, покажавме дека можеме да победуваме
-

Повреден 48-годишник при пукање во Арачиново
-

Приведен 48-годишник кој барал пари две години за да не објави интимни фотографии
-

Повозрасна жена нападнала малолетно девојче во Кисела Вода
