Капело: Икарди е најдобрата замена за Роналдо во Реал
Искусниот италијански тренер Фабио Капело смета дека фудбалерот на Интер, Мауро Икарди, може да ја преземе улогата на Кристијано Роналдо во Реал Мадрид.
Шпанскиот клуб во моментов се наоѓа во криза и на последните четири натпревари нема постигнато гол, а според Капело, со доаѓањето на Икарди овој проблем би можел да биде надминат.
- Неговото доаѓање би требало да претставува приоритет за Реал. Икарди е сличен на Роналдо во однос на нештата што ги правеше во Реал. Ако во шеснаесетникот му дадете три топки, тој трите ќе ги внесе во мрежата, истакна 72-годишниот фудбалски тренер, кој во два наврати го предводеше мадридскиот клуб до шампионската титула во Шпанија - во 1997 и 2007 година).
Икарди изминативе неколку сезони е еден од најдобрите голгетери во италијанското првенство, а сезонава на осум натпревари постигна пет гола. Неговиот договор со Интер истекува во 2021 година.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228