Канти за пепел до контејнерите во Кавадарци за да се намали загадувањето

Канти за пепел се поставени до сите контејнери во Кавадарци, со цел да не се пали отпадот и да не се предизвикува дополнително загадување на градот. Апел за внимателност кога е во прашање фрлањето на отпадот упатува кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
- Загаденоста на воздухот не може да се реши преку ноќ. За намалување на загаденоста потребно е сите ние да бидеме посовесни и поодговорни. Колку и да се обидуваме ние како локална самоуправа хигиената да ја качиме на повисоко ниво, доколку сите заедно не се однесуваме совесно, целиот напор би бил залуден. Да се обидеме сите заедно да создадеме чисто и убаво Кавадарци. Во Кавадарци е убаво да се живее, ние се стремиме кон тоа да стане уште поубаво, порачува тој.
Локалната самоуправа, вели, се обидува со сите напори и потенцијал да ги реши проблемите со кои се соочуваат кавадарчани и да создаде една општина која ќе биде за пример и општина во која сите ќе се чувствуваат убаво.
- За да успееме во тоа неопходна ни е поддршка. Треба заедно, сплотени во едно, да учествуваме во решавањето на проблемите и со заеднички напори да го зачуваме она што го имаме и да се грижиме за околината, апелира Јанчев.
Ново на Сител
-

Македонската амбасада во Швајцарија отвори телефонска линија за трагичната несреќа во Кран - Монтана
-

Македонец исчезнат во пожарот во Швајцарија - семејството бара помош за пронаоѓање
-

Ново линеарно зголемување со мартовската пензија
-

До 5 јануари пријавување за субвенциониран студентски оброк
-

Ѓорѓиевски: Набргу ќе биде избран и објавен најдобро украсениот дом во Скопје
-

Обвинителство: Извршен увид на местото каде е убиен еден турски државјанин, а еден повреден
-

Пожар на Скопска Црна Гора
-

Утре променливо облачно со сончеви периоди
