-->
-->
Канељас останува во Вардар и следната сезона
-->

Шпанскиот репрезентативец Жоан Канељас потврди дека и следната сезона ќе биде дел од актуелниот европски ракометен првак Вардар.
Во интервјуто за спортскиот портал „g-sport“, искусниот шпански ракометар потврдил дека ќе го испочитува договорот со Вардар кој е со важност за уште една година.
„Моите планови се врзани со Вардар, имам уште една година од договорот и засега е тоа. Ќе видиме како ќе се одвива целата работа, првенствено кој ќе биде тренер на тимот. За мене е тоа е исклучително важно“, изјавил Канељас.
Ова е добра вест за навивачите на македонскиот и европски шампион, особено по неколкуте најавени заминувања на играчи од црвено-црниот табор.
Во однос на утрешниот последен меч во Лигата на шампионите за оваа календарска година, во кој Вардар го пречекува шведскиот Кристијанштад, тој верува дека Вардар ќе остане непоразен.
„Мораме да победиме на сите натпревари што ги играме дома. Засега сме во добра позиција, но не смееме да ’кикснеме’ на домашен терен и да и дадеме шанса на Барселона или пак на некој друг тим да не стигне“, нагласил Кањељас.
Дуелот меѓу Вардар и Кристијанштад ќе се игра утре во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 17 часот и 30 минути.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
-

Бугарите во Македонија гласаат без проблеми
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата
-

Дојави за бомби во два трговски центри во Скопје
-

Поленските алергии го зголемија бројот на пациенти во клиниката „Козле“
-

Со прекуграничен проект се обезбедува нова опрема за итната медицинска помош во Југоистокот
-

100 години ЗОО Скопје
