Кандидатура за нов мандат на Мицкоски за претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Ве известуваме дека до партиските органи на ВМРО-ДПМНЕ, пристигна кандидатура за претседател на ВМРО-ДПМНЕ потпишана од 50 делегати за проф. д-р Христијан Мицкоски.
Ви ја пренесуваме во целост кандидатурата за проф. д-р Христијан Мицкоски.
„Врз основа на член 34 од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ ние како делегати на партискиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ покренуваме формална иницијатива за номинација на проф. д-р Христијан Мицкоски во изборот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Дадената недвосмислена и безрезервна поддршка е резултат на неговото досегашно одговорно, чесно и квалитетно раководење со партијата, големиот напор кој што го вложи кон стабилизирање на состојбите во најголемата политичка партија во нашата земја, како и на постигнатите позитивни изборни резултати од последните локални избори.
Веруваме дека повторниот избор на проф. д-р Христијан Мицкоски ќе биде дополнителен поттик за идното раководство, членовите на партијата и граѓаните на Македонија уште повеќе заеднички да се заложат за целосно спроведување на програмските определби на партијата со силен државотворен карактер и кадровски капацитети кои ветуваат непречен политички и економски развој на нашата татковина.
Преку партијата на која најмногу и веруваат граѓаните и под водство на нејзиниот претседател Мицкоски силно го отвораме патот за модернизирање на нашата држава, владеењето на правото, засилување на борбата против корупцијата, побрзо надминување на тешките здравствени и економски предизвици, зголемување на животниот стандард на нашите граѓани, унапредување на односите со соседите, партнерите и сите пријателски држави и зголемување на брзината со која се движиме по патот на европската интеграција.
Партијата ВМРО-ДПМНЕ била, е и останува најцврстиот гарант за зацврстување на државноста, независноста, мирот, стабилноста, безбедноста, економскиот развој и историскиот континуитет на Македонија“.
Меѓу потпишаните делегати на 17-тиот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ за кандидатурата на проф. д-р Христијан Мицкоски се и пратениците Дафина Стојаноска, Антонијо Милошески, Ели Панова, градоначалниците Тимчо Муцунски, Бобан Стефковски, Александар Стојкоски, Орце Ѓорѓиевски, Дарко Костовски, Борче Митевски, Стевче Трпковски, Коста Маневски, Иван Јорданов, Кирил Пецаков, Борче Јовчески.
Потписници на кандидатурата се и претседателите на униите, Жаклина Пешевска Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов на Унија на млади сили, претседателот на Патриотскиот институт Александар Пандов, како и директорот на Центарот за комуникации Луке Галески, и портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.
Меѓу потписниците се Владимир Нелоски, Борко Ристовски, Илија Димовски, Оливер Шамбевски.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп