Канческа- Милевска: Програмата и проектите се најсилен аргумент и адут на ВМРО-ДПМНЕ и на овие избори

Изборите на 11 декември ќе бидат посебни значајни за суверенитетот и интегритетот на Р. Македонија, порача денеска од Дојран Елизабета Канческа- Милевска од ВМРО-ДПМНЕ.
Таа пред жителите на Дојран посочи дека најсилен аргумент и адут на ВМРО-ДПМНЕ и на овие избори е програмата, проектите кои се реализирани во изминатиот период и спроведените мерките и придобивките од нив кои што се во интерес на сите граѓани од Р. Македонија.
-И на овие избори и во овој период до изборите ќе продолжиме со нашата позитивна политика, отчетност на сето она што беше реализирано во изминатиот период. Станува збор за огромен број на проекти во инфраструктурата, економијата, стопанството, образованието, здравството, културата. Бројките и аргументите се навистина големи, рече Канческа –Милевска.
Таа потенцираше дека во општина Дојран како никогаш досега, од 2006 година па наваму процентот на туризмот е зголемен за 300%.
-Тоа е навистина еден огромен податок и аргумент, пред се за граѓаните и жителите на Дојран и за сите наши заложби за подигнување на туризмот. Како никогаш досега се вложуваше во уредување на нови плажи, изградба на пешачки, велосипедски патеки, изградба на повеќенаменски игралишта, се инвестираше многу и во образованието, а се изгради и првата детска градинка, рече Канческа –Милевска.
Ново на Сител
-

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
-

МВР спречи трагедија, малолетник најавил самоубиство на социјалните мрежи
-

Телефонски разговор Муцунски - Ал Мураихи: Цврста солидарност и целосна поддршка кон Катар
-

Трамп: Во американскиот напад врз Иран убиени 48 ирански „лидери“
-

Израелската армија започна нови напади врз Техеран
-

Се спојуваат клиниките за кардиологија и кардиохирургија
-

Ирански медиуми: Махмуд Ахмадинеџад убиен во воздушен напад во Техеран
-

Влада: Македонските државјани да ги следат информациите и да ги контактираат за помош амбасадите
