Канческа-Милевска прими делегација од државните театри на Турција

Министерката Елизабета Канческа-Милевска денеска прими делегација од државните театри на Турција предводена од директорот Ерџан Серин, која деновиве престојува во земјава.
Како што информира Министерството за култура, повод за посетата е минатонеделната билатерална средба на министрите за култура на Македонија и на Турција Елизабета Канческа-Милевска и Наби Авчи, кои дискутирале и за интензивирање на изградбата на новиот објект на Турскиот театар-Скопје, во која ќе партиципира и турската Влада.
На средбата Канческа-Милевска изразила благодарност до својот турски колега за големата посветеност во реализацијата на културната соработка, која, како што се наведува, наскоро ќе биде потврдена и со потпишување на новата Програма за соработка меѓу двете држави.
- Гостите од Турција, потврдувајќи ја традиционално одличната соработка во сите сегменти од областа на културата, ја информираа министерката за култура за извршениот увид во градбата на Турскиот театар, како и за обезбедувањето на сите технички информации кои ќе послужат за преземање следни чекори во изградбата на објектот, се вели во соопштението од Министерството за култура.
На средбата, како што се наведува, беше оценето дека реализацијата на проектот е од особено значење и треба што поскоро да се заврши, со што ќе се овозможи Театарот да ги презентира своите уметнички креации во нов објект, изграден според сите светски стандарди.
Ново на Сител
-

На југот на Холандија 200.000 жители предупредени да ја зовриваат водата поради ешерихија коли
-

Модриќ става крај на кариерата по СП 2026
-

Општина Дебар успешно ја реализираше првата фаза од дератизацијата и дезинсекцијата
-

Израел нареди евакуација на 20 градови и села во јужен Либан
-

Лишени од слобода две лица од скопско, при преглед во возилото во кое се превезувале биле пронајдени ловечки пушки
-

СВР-Струмица поднесе кривични пријави против три лица за „лихварство“, „изнуда“ и „тешка кражба на дрзок начин“
-

Истрага за сексуална злоупотреба на 12-годишно девојче во Битола
-

Ѓорѓиевски: Целосно ја реконструираме улицата „101“ во Волково
