Канадски суд: Службите не можат да шпиунираат во странство без налог
- Канадската безбедносно-разузвачка служба (ЦСИС) не може да шпиунира во странство без судски налог, освен во случаи кога е јасно загрозена националната безбедност, одлучи Федералниот суд на Канада.
ЦСИС побара налог за да „пружи помош при собирање информации или разузнавачки податоци за начините, намерите или активностите на една странска држава“, која не е прецизирана, се наведува во резимето на судската одлука.
Барањето е одбиено, а судијата Сајмон Ноел наведе дека „не може да даде налог за екстратериторијални активности, бидејќи парламентот јасно не дал овластување во однос на такви налози“.
Иако министерката за правда Џоди Вилсон-Рејболд го поттикнуваше судот да му дозволи на ЦСИС да дејствува, судијата Ноел истакна дека законот за ЦСИС јасно го ограничува полето на дејствување на разузнавачката служба „во границите на Канада“.
Ново на Сител
-

Трајанов: Сега е времето да ги бараме досиејата на УДБА
-

Тема на денот со Павле Трајанов, Национален координатор за спречување насилен екстремизам
-

До 15 години затвор за корупција
-

Мицкоски: Имаме најстабилна Влада во овој дел на Европа
-

Полицијата ќе отстранува потенцијални насилници од сопствениот дом на 48 часа
-

Почна расправата за буџетот: Колку ќе собере, а колку ќе потроши државата догодина?
-

Мицкоски: Зимата ќе биде тешка - ќе сториме се за да нема големи поскапувања
-

Скопје слави 82 години од ослободувањето
