Македонија
30. August 2023 - 8:07

Канадската министерка за надворешни работи Мелани Жоли во посета на Скопје

Министерката за надворешни работи на Канада, Мелани Жоли денеска ќе престојува во работна посета на Северна Македонија, при што ќе се сретне со нејзиниот домаќин, шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Како што соопшти МНР, во фокусот на разговорите ќе бидат билатералните односи во рамки на стратешкото партнерство меѓу двете земји, сојузништвото во рамки на НАТО, предизвиците на претседавање на земјава со ОБСЕ, како и останатите актуелности од областа на надворешната политика.

Османи и Жоли ќе одржат тет-а-тет средба, ќе следи средба меѓу делегациите на двете земји, по што двајцата ќе одржат и заедничка прес - конференција.

За време на престојот во Скопје, министерката Жоли ќе има средби и со премиерот Димитар Ковачевски, како и со министерката за одбрана Славјанка Петровска.