Кан: Големите градови во светот треба да се подготвени за потенцијални терористички напади
Лондон и другите големи градови во светот треба да бидат подготвени за можни терористички напади, изјави при враќањето од Њујорк градоначалникот на британската престолнина Садик Кан.
- Тоа е реалната состојба на нештата. Се плашам дека Лондон, Њујорк и другите големи градови треба да бидат подготвени за тоа, истакна Кан, кој се наоѓаше во САД, кога во центарот на Менхетн во саботата беше активиран експлозив и при тоа беа ранети 29 лица.
Лондонскиот градоначалник ги повика специјалните служби да бидат „будни“ за евентуални терористички закани и да бидат во постојан контакт со локалните општини.
- Тоа значи дека службите за безбедност треба да бидат подготвени, а исто така да има и размена на мислења и искуства, нагласи Кан.
Минатата година во Обединетото Кралство беа задржани 315 лица осомничени за терористички дејности.
Терористичката закана во земјата од ниво на „критична“ премина во „сериозна“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Арбен Таравари, министер за здравство и лидер на АА
-
Меџити: Ова е почеток на крајот на Европскиот фронт, следува нов бран на дестабилизација во ДУИ
-
СДСМ: Божиновска должи одговори
-
Таравари за смртта на 14 месечното бебе - Лична одговорност мора да има!
-
На интернет измами најчесто наседнуваат луѓето со ниски примања, велат психолозите
-
ВМРО-ДПМНЕ: 250 евра за секој студент - 10 милиони евра фонд за бизнис за млади
-
Само 1% од вработените во ЈКП-ЈА се лица помлади од 35 години, а 65% постари од 55 години
-
Потребна е поголема поддршка на жените земјоделки