Свет
22. September 2016 - 19:15

Кан: Големите градови во светот треба да се подготвени за потенцијални терористички напади

Лондон и другите големи градови во светот треба да бидат подготвени за можни терористички напади, изјави при враќањето од Њујорк градоначалникот на британската престолнина Садик Кан. 

- Тоа е реалната состојба на нештата. Се плашам дека Лондон, Њујорк и другите големи градови треба да бидат подготвени за тоа, истакна Кан, кој се наоѓаше во САД, кога во центарот на Менхетн во саботата беше активиран експлозив и при тоа беа ранети 29 лица. 

Лондонскиот градоначалник ги повика специјалните служби да бидат „будни“ за евентуални терористички закани и да бидат во постојан контакт со локалните општини. 

- Тоа значи дека службите за безбедност треба да бидат подготвени, а исто така да има и размена на мислења и искуства, нагласи Кан. 

Минатата година во Обединетото Кралство беа задржани 315 лица осомничени за терористички дејности. 

Терористичката закана во земјата од ниво на „критична“ премина во „сериозна“.