Кампос пред отказ од ПСЖ по одлуката на Мбапе да не го продолжи договорот
Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи може да го отпушти спортскиот директор на клубот Луис Кампос по одлуката на напаѓачот Килијан Мбапе да не го продолжи договорот, пишува„ Get French Football News“.
Сопственикот на парижаните е лут на ситуацијата околу 24-годишниот играч и бесен на Кампос кој не успеал да го убеди Мбапе за нова соработка.
На 12 јуни беше објавено дека играчот испратил официјално писмо до клубот во кое се наведува дека во никој случај нема да ја активира опцијата за продолжување на договорот до 2025 година.
Дваесет и четиригодишниот Мбапе оваа сезона забележа 43 настапи за ПСЖ во сите натпреварувања, постигнувајќи 41 гол и 10 асистенции.
Цената на играчот, според порталот Трансфермаркт, е 180 милиони евра. Важечкиот договор му е до 2024 година и има можност за продолжување на уште една сезона.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-
МОН ги објави конкурсите за стипендии во странство, од оваа година под нови услови
-
Уставен суд поведе иницијатива по предлогот на обвинителката Ленче Ристовска
-
Случајот со обвинителот Коцевски под лупа на САД, Правда го подготвува предлогот за разрешување
-
СДСМ: Процес на партизација наместо реформи
-
Нова кривична пријава против екс-директорот на Лотарија Перпарим Бајрами кој исто како и Артан Груби е во бегство
-
Одлуките за замрзнати цени и маржи стигнаа до Службен весник
-
Николоски: Нема да одиме против УНЕСКО за автопатот