Кампањата „На Македонија и треба твојата идеја“ промовирана во Битола
Владејачката ВМРО ДПМНЕ синоќа во Битола ја промовираше кампањата „На Македонија и треба твојата идеја“ со што продолжи директната размена на идеи кои ќе бидат дел од содржината на изборната програма на партијата на претстојните парламентарни избори.
Пред членовите и симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ, членот на Извршниот комитет на партијата и заменик претседател на македонската Влада, Зоран Ставревски истакна дека политичарите од неговата партија секогаш може да се гледаат во очи, наспроти оние од СДСМ кои секогаш го вратат грбот на народот.
- Да ги погледнеш луѓето во очи значи да имаш доблест да го кажеш тоа што си го направил, да одговориш на многу прашања, да истрпиш критика ако си можел нешто подобро да направиш, да добиеш совет и да продолжиш да работиш подобро во интерес на граѓаните. Секој граѓанин го заслужува нашето внимание и секој граѓанин ќе биде пречекан со неговите идеи и размислувања, порача Ставревски на средбата со битолчани.
Според Ставревски, во изминатите девет години во Република Македонија креирани се околу 140.000 нови работни места, и тоа во услови на разни кризи во Европа и Светот.
- Нововработените денес работаат, го подобруваат животниот стандард, заработуваат, се чувствуваат исполнето, може да формираат семејство...тоа е директна поддршка од ВМРО ДПМНЕ за тие 140 илјади нововработени лица. Секогаш размислуваме за сите генерации, за најмладите да стекнат соодветно образование, за децата што неможат да купат учебници овозможивме бесплатни учебници, да учат по два странски јазици, воведовме Кембриџ програма за основците, задолжително средно образование, а уписот на државните универзитети се врши со многу пониски трошоци, рече меѓу другото Ставревски и појасни дека инвестициите во образованието ќе се вратат на долг рок и во интерес на државата.
На собирот во големата сала на битолскиот Центар за култура, Ставревски рече дека подобрување на инфраструктурата во пелагонискиот регион е во тек, а наскоро ќе почне изградба на делницата Градско-Прилеп.
- Долгогодишното барања на битолчани и прилепчани за подобрување на патот преку Плетвар ќе биде исполнето. Слободно ќе кажам дека околу нова година ќе заврши тендерот за градба и веднаш по нова година ќе почне изградбата на делницата од Градско до Прилеп. Исто така очекувам изведбените работи на патото Битола-Ресен да заврши без проблеми бидејќи веќесе обезбедени финансики средства, нагласи Ставревски.
Ново на Сител
-
Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
-
Скопјанец ги претепал сопругата и малолетниот син, ја искршил и влезната врата од зградата
-
Претрес во скопско, пронајдено оружје и муниција | ФОТО
-
ЕУ ѝ префрла на Украина 1,5 милијарда евра приход од замрзнати руски средства
-
Тетовчани се скарале поради паркинг место, по што едниот извадил пиштол и му се заканил на другиот
-
Драма во Собрание: Неколку пратеници добиле заканувачки пораки
-
Институциите премолчуваат глорификација на терористи и прекршување на Законот за јазиците обвинува Левица
-
Комбе со мигранти се преврте на автопатот кај Бела Паланка, околу 50 повредени