Кампања на УНИЦЕФ #ЗаПравиченСвет за деца со попреченост

Кампања за поттикнување акција преку која ќе се смени начинот на кој општеството гледа на децата со попреченост и начинот на кој се однесува кон нив започна Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) заедно со група активисти.
Како што се наведува во соопштението на УНИЦЕФ Македонија, стигматизацијата, ставовите и недостигот на свесност придонесуваат кон дискриминацијата и отфрленоста со кои се соочуваат децата со попреченост.
Претставникот на УНИЦЕФ Бертран Демулен нагласува дека децата со попреченост се среќаваат со различни бариери за нивна инклузија, така што ставовите во општеството често претставуваат поголема попреченост отколку состојбата на детето или попреченоста што ја има.
Кампањата #ЗаПравиченСвет има за цел да вклучи активисти кои ќе проговорат гласно за нефер состојбата на децата со попреченост. Преку социјалните медиуми, активистите ги повикуваат сите да дадат заложба дека ќе почнат да го менуваат начинот на кој гледаат на децата со попреченост.
Наодите од анкетата за знаењата, ставовите и практиките во однос на вклучувањето на децата со попреченост, спроведена на 1.000 испитаници во период од 29 септември до 20 октомври 2014 година покажуваат дека само 36 проценти од широката јавност слушнале за Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, додека повеќе од третина, односно 37 проценти од широката јавност не прифаќаат дете со аутизам или 36 отсто дете со Даунов синдром да живее во исто соседство со нив.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Филипче бара извинување од Мицкоски, премиерот ја нарече одлуката на обвинителството скандалозна
-

Опозицијата поделена по понудата за предвремени избори
-

Во Скопје детектирани 13 високо ризични места за ширење на западно-нилскиот вирус
-

Прекината епидемијата во Гостивар
-

Чадот од пожарите го загрозува здравјето - најчувствителни се децата и хронично болните
-

Училишниот прибор ќе поевтини до 15 проценти, Владата ќе носи одлука во вторник
-

Пораст на просечната плата за 6,4% годишно, пензиите од септември повисоки за 6 отсто
