Камион излетал од патот и удрил во група луѓе во Холандија, тројца загинати
Неколку лица загинаа, а неколку се повредени во Холандија откако камион излетал од патот и удрил во поголема група луѓе кои се собрале на скара во соседството, пренесоа светските агенции.
Според холандското радио НОС, три лица загинале. Несреќата се случила во селото Њу Бејерленд, недалеку од Ротердам. Германската агенција ДПА јави дека во спасувањето на настраданите учествувале десет возила на брза помош и еден хеликоптер, а неколку лица се пренесени во болница.
Полицијата не го прецизираше точниот број на загинати, туку само наведе дека ја истражува несреќата што се случила околу 19 часот по средноевропско време на триесетина километри јужно од Ротердам.
Се уште не е позната причината поради која камионот, кој е на шпанска компанија, излетал од патот.
Ново на Сител
-
Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани е во исклучително важна фаза, нема никаква селективност досега, нема да има ни понатаму
-
Скопјанец доби условна казна затвор за ширење омраза за коментари поврзани со Парадата на гордоста
-
Изминатите два дена 1452 сообраќајни прекршоци, 258 за брзо возење
-
Дачиќ: Нема потреба за вонредни избори; Брнабиќ: Студентите да му се обратат на Вучиќ
-
ЕУ повика на дијалог меѓу Индија и Пакистан
-
Израел се заканува дека ќе му го направи на Техеран она што му го направи на Хамас во Појасот Газа
-
Јермак: Украина и сојузниците разговараа како да извршат притисок врз Русија за 30-дневен прекин на огнот
-
Николоски: Арсовска целосно потфрли, ќе понудиме квалитетен кандидат за Скопје