Балкан
30. March 2017 - 12:48

Камион газеше работници додека појадуваа - има мртви и повредени

Една Србинка (28), загинала уште петмина нејзини колеги се повредени утрово околу 9 часот во погонот на една германска фирма во Романија.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, несреќните работници во тоа време доручкувале во мензата и во тој момент налетал камионот кој доставувал репроматеријали за фабриката и од се уште неутврдени причини влетал во нив. 

Исто така тамошната полиција изјавиле дека не станува збор за терористички напад туку најверојатно поради губење на контрола врз возилото.