Македонија
8. October 2023 - 17:41

Уште еден случај на педофилија во Скопје - 78 годишник силувал малолетник

Полицијата денеска информира за уште еден случај на обљуба на дете во Скопје.

Имено, вчера попладне 56 годишен татко од Скопје пријавил дека соседот Д.П. (78) го обљубил неговиот малолетен син. Како што е наведено што пријава обљубата се случила во два наврати, на 25-ти и 30-ти септември оваа година.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.