Џет-Сет
4. January 2020 - 9:16

Камерон Дијаз стана мајка во 47. година - актерката роди ќерка и ја сподели оваа емотивна порака

Камерон Дијаз доби ќерка во 47. година со долгогодишниот избраник Бенџи Маден.

Таа убавата вест ја потврди на Инстаграм, а долго криеше од јавноста дека се породила.

„Среќна Нова година од Маденсови! Толку сме среќни, благодарни и благословени на почетокот на новата деценија - добивме ќеркичка Редикс Маден. Веднаш ги освои нашите срца и го потполни нашето семејство. Додека сме превозибудени да го споделиме ова со вас, исто така ве молиме да имате разбирање за приватноста на нашата малечка. Така да нема да објавуваме фотографии и да споделуваме повеќе детали, освен фактот дека е многу, многу слатка“, напиша Камерон.